Утрински Весник
Свет

Украинскиот министер за одбрана: Доаѓаат уште добри вести

Украинскиот министер за одбрана: Доаѓаат уште добри вести

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников оствари телефонски разговор со американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

dobivaj vesti na viber

„Разговаравме за резултатите од состанокот во Рамштајн, за натамошното зајакнување на украинската армија, што вклучува испраќање тенкови и одржување на нова опрема“, најави Резников, додавајќи дека „ќе има повеќе добри вести кои наскоро ќе бидат објавени“.

Резников веројатно мислеше на најавеното обраќање на американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска околу 18 часот треба да го потврди испраќањето на американски тенкови од типот Абрамс во Украина, коментираат западните меидуми.

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Тигар скокна во публика во циркус во Русија

Израелскиот министер за одбрана: Шефот на Хезболах ќе плати со својата глава

Ирански генерал: Трамп лаже и е очаен