Утрински Весник
Спорт

Меси ја одбил понудата на ПСЖ и сака да се врати во Барселона

Меси ја одбил понудата на ПСЖ и сака да се врати во Барселона

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси најверојатно нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен кој истекува на крајот од сезоната. Иако претходно имаше навестувања дека тој донел одлука да остане во Париз најмалку уште една година и дека клубот набрзо и официјално ќе му го достави документот за продолжување на соработката, сепак, сега доаѓаат информации дека тој го променил мислењето.

dobivaj vesti na viber

Како што објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро, Аргентинецот повеќе не е сигурен дека сака да го продолжи договорот со парижаните и почнал да разгледува опции за враќање во Барселона.

„Од денес, Меси не сака да продолжи со ПСЖ“, објави Ромеро на Твитер. „Освојувањето на Светското првенство го смени начинот на кој размислува Меси. Сега тој го цени она што го има сега повеќе од она што може да го има во иднината“.

„Марка“ тврди дека сето тоа е точно и објаснува дека Меси всушност ја исполнил последната голема цел што ја имал во кариерата с освојување на мундујалскиот трофеј и сега само сака да игра фудбал таму каде што би бил најсреќен. Очигледно дека многу му недостасува „Камп Ноу“, каде ја мина целата претходна кариера и животот во Барселона.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ