Утрински Весник
Магазин

Кој сè неочекувано остана без номинација за „Оскар“?

Кој сè неочекувано остана без номинација за „Оскар“?

Како и секоја година, по објавувањето на номинациите за „Оскар“, секогаш се води полемика дали некој е незаслужено номиниран и дали некој неочекувано останал без номинација.

dobivaj vesti na viber

Кога станува збор за номинациите за 95. по ред „Оскари“, многумина беа изненадени од фактот што некои познати и очекувани имиња ги немаше во конкуренција, пишува „Индекс.хр“.

Имено, во категоријата најдобар филм без номинации останаа филмовите „Вавилон“ и „Црн пантер“.

Холивудската миленичка Маргот Роби исто така остана без номинација, а пејачката Тејлор Свифт исто така не беше номинирана во категоријата за најдобар носач на звук за нејзината песна „Каролина“, што ја отпеа за филмот Where the Crawdads Sing.

Селена Гомез исто така не доби номинација за нејзината песна My Mind & Me, која го придружуваше нејзиниот документарец со исто име.

Џејмс Камерон не беше номиниран за режија на „Аватар“.

Пол Дано не доби номинација за неговата изведба во The Fabelmans, а Даниел Дедвајлер беше изоставена од листата за „Тил“.

„Жената крал“ со Виола Дејвис во главната улога и „Ноу“ на Џордан Пил, со Даниел Калуја и Кики Палмер во главните улоги, не добија ниту една номинација за „Оскар“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста