Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик

МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ 3.3 милиони евра потрошила МВР лани за набавка на храна, а до 4.5 милиони евра може годинава да бидат потрошени според Рамковната спогодба помеѓу МВР на Спасовски и Индустри сервис. Наместо подобра услуга, полицајцитр добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви. Наместо вистински гулаш или грав на полицајците, Индустри сервис ќе им сервира гулаш и грав од конзерви.

Индустри сервис не е производител на храната која ја понудил, туку прерподавач. Оштетени се полицајците и сите вработени кои јадат во кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров. Во самата постапка за јавна набавка се добива впечаток на фаворизирање на Индустри сервис. Понудена е храна која ја нема пазарот, избраната понуда има ј неправилно пополнета техничка спецификација.

Се отвора сомнеж дека МВР на Спасовски ја фаворизирало Индустри сервис, а на целиот процес уште поголема дамка фрла фактот што Оливер Спасовски бил на поставувањето камен темелник на фабриката на истата компанија.

Дали блискоста на Спасовски си сопственикот на Индустри сервис е причината поради која МВР ќе плаќа 1/3 повеќе за храна од лани? Институциите да не чекаат и да реагираат“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка -награда на Големото жири во Берлин, Емин Алпер

Пет активни пожари на отворен простор, шест ставени под контрола

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети