Утрински Весник
Спорт

Ова се трансферите за кои Јувентус доби драконска казна

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Ss2

Јувентус минатата недела беше казнет со одземање 15 поени за користење лажен капитал во финансиските книги и плаќање на играчите „под маса“ за време на кризата поради коронавирусот. Судот покрај клубот им изрече казни и на поранешните функионери.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот спортски директор на клубот Фабио Паратичи е суспендиран на две и пол години, поранешниот претседател на клубот Андреа Ањели е суспендиран на две години, а иста казна доби и Маурицио Аривабене, поранешниот директор на клубот.

Ss1

16 месеци суспензија доби Федерико Черубини, спортски директор во клубот. На поранешниот играч и потпретседател на клубот Павел Недвед во следните осум месеци нема да му биде дозволено да врши никаква функција во фудбалот, а за сето тоа на клубот му се одземени споменатите 15 бода во тековната натпреварувачка сезона.

Јувентус настрада, меѓу другото, поради 22 сомнителни трансфери кои ги направи во последните неколку сезони, од кои повеќето беа размена на играчи со други клубови. И тие беа под истрага, но против нив не беше покренато обвинение.

Од 22 трансфери најсонителни се овие три. Размената со Барселона, Миралем Пјаниќ за Артур, размената Жоао Кансело и Данило со Манчестер сити и размената на Леонардо Бонучи и Матија Калдара со Милан. Во сите овие зделки, финансиските услови за направените размени беа фалсификувани или не беа соодветно прикажани во книгите.

Под истрага беше размената на Леонардо Спинацола и Лука Пелегрини со Рома, како и низа други размени со Барселона и Манчестер сити, со кои Јуве најчесто работел. Клубот наводно „мател“ и со трансферот на Емре Чан во Борусија Дортмунд и со трансферот на Емил Одер во Сампдорија.

Истражителите на Фудбалскиот сојуз на Италија ализирале повеќе од десет трансфери и размени на играчи со други италијански клубови, главно од пониските лиги, а кај сите биле констатирани неправилности, што на крајот резултирало со драконска казна за славниот италијански клуб.

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари