Утрински Весник
Спорт

Лејкерси соборија рекорд стар 60 години

Лејкерси соборија рекорд стар 60 години
Img 5587

Лос Анџелес Лејкерс изминатата ноќ направија пресврт што не е забележан од 1962 година. Лејкерси славеа во Портланд со 121:112.
„Езерџиите“, успеаја да добијат натпревар во кој една од четвртините загубија со разлика поголема од 30 поени.

dobivaj vesti na viber

Претходно ваков подвиг направија Бостон Селтикс, во 1962 година, против Бафало Брејвс, тим кој подоцна стана Сан Диего Клиперс, а потоа и Лос Анџелес Клиперс (во 1984 година).

Ss1

Лејкерси победија и покрај тоа што втората четвртина ја загубија со неверојатни 45:13.

Најзаслужен за нереалниот пресврт беше Леброн Џејмс со 37 поени, а личен рекорд со 31 постигна поен забележа Томас Брајант.

Лејкерси моментално се 12. на Западот со скор 22-25 и се надеваат на победничка серија која ќе ги стави на место кое води директно во плеј-офот.



Ss1

Можете да прочитате

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид