Шпанската полиција разби група за која се верува дека водела три нелегални фабрики за тутун во кои украинските бегалци работеле во лоши услови, пишува Би-би-си.
Извршени се операции во три региони и уапсени се 27 лица кои наводно шверцувале големи количества тутун преобразен во фалсификувани цигари. Фабриките можеа да произведуваат повеќе од половина милион кутии цигари дневно, кои се продаваа низ Шпанија и во странство, пренесува медиумот.
Полицијата соопшти дека Украинците, кои побегнале од војната во нивната земја, живееле сместени во монтажни засолништа во фабриките. Работеле долги часови и не си заминувале за да не бидат откриени, бидејќи некои илегално влегле во земјата. Во меѓувреме, според написите на медимот, газдите на организацијата уживаа во луксузниот живот и наводно переле пари за нивната операција за шверц на тутун.
При рацијата, властите заплениле тутунски производи во вредност од 37,5 милиони евра, скапи возила, накит и големи суми пари. Претресени се повеќе од дваесет домови, индустриски објекти и продавници.
Првата тајна фабрика беше пронајдена во барака за пилешко во близина на Севиља на југ кон крајот на 2021 година, што ги натера властите да направат уште две операции. Во истрагата помогнала европската полициска агенција Европол. Според Обединетите нации, има речиси осум милиони регистрирани украински бегалци ширум Европа кои избегале од руската инвазија. Повеќе од 160.000 од нив се регистрирани во Шпанија.