Утрински Весник
Свет

Борел: Русија е навикната да се бори до крај

Борел: Русија е навикната да се бори до крај

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека Русија е навикната да се бори до крај и затоа повика Украина да се вооружи.

dobivaj vesti na viber

– Русија е голема земја, навикната да се бори до крај. Таа е навикната речиси да губи, а потоа да врати се. Таа го направи тоа со Наполеон, го направи тоа со Хитлер. Би било апсурдно да се мисли дека Русија ја загуби војната или дека нејзините војници се неспособни. Затоа токму сега е неопходно да се продолжи со вооружување на Украина – изјави Борел во Мадрид.

Тој исто така додаде дека Европската унија не е страна во конфликтот во Украина, кој започна во 2014 година, и дека не сака да стане учесник.

Според него, ЕУ до последен момент се обидувала да избегне директен конфликт и дека повикала сите прашања да се решат преку преговори.

Како што објави неименуван висок европски функционер, новата седма транша помош од Европскиот фонд за мир што ќе биде испратена во Киев за вооружување ќе изнесува половина милијарда евра.

Можете да прочитате

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади