Утрински Весник
Магазин

Алек Болдвин се соочува со обвинение за ненамерно убиство

Алек Болдвин се соочува со обвинение за ненамерно убиство

Пред повеќе од една година снимателката Халина Хачинс беше застрелана од Алек Болдвин додека снимаше филм во Ново Мексико. Сега, актерот, кој воедно е и продуцент на филмот, ќе биде кривично гонет.

dobivaj vesti na viber

Хачинс настрада кога пиштолот реквизит, со кој Болдвин вежбал пред снимање кадар, испукал куршум што ги погоди неа и режисерот Жоел Соуза, кој преживеа.

Обвинителката на Ново Мексико, Мери Кармак-Алтви, најави дека ќе поведе обвинение против актерот за убиство од небрежност.

Обвинителката во четвртокот соопшти дека покрај Болдвин, обвинение за убиство од небрежност ќе биде поведено и за оружарката на филмот. Обвиненијата ќе бидат поведени до крајот на овој месец.

Ваквата одлука доаѓа по повеќе од една година истрага за фаталниот инцидент што се случи во октомври 2021 година во близината на градот Санта Фе.

Обвинението е кривично дело од четврти степен, казниво со затвор до 18 месеци и глоба од 5.000 долари според законот во Ново Мексико. Обвиненијата исто така вклучуваат одредба што може да резултира со задолжителна петгодишна затворска казна бидејќи делото е извршено со пиштол.

Андреа Риб, специјален обвинител за случајот, во интервју за новинската агенција АП рече дека постои „шема на криминално непочитување на безбедноста“.

„Ако некој од овие тројца луѓе – Алек Болдвин, Хана Гутиерез Рид или Дејвид Холс – ја завршеше својата работа, Халина Хачинс ќе беше жива денес. Толку е едноставно“, рече Риб.

Семејството на Хачинс ја поздрави објавата, а адвокатот на Болдвин, Лук Никас, рече: „Оваа одлука ја искривува трагичната смрт на Халина Хачинс и претставува ужасен неуспех на правдата. Секој неуспех на правдата е неправда“.

Можете да прочитате

Ако сте родени на овие датуми, привлекувате пари како магнет

Здравствени придобивки од жалфијата – 24info.mk

Ова се најчестите показатели дека не внесувате доволно протеини во телото