Утрински Весник
Свет

Зеленски очекува силни одлуки на состанокот на сојузниците на Киев во Германија

Зеленски очекува силни одлуки на состанокот на сојузниците на Киев во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека неговата влада очекува силна поддршка од претставниците на НАТО и другите земји кои денеска се состануваат во Германија за да разговараат за зајакнување на способноста на Украина да им се спротивстави на руските сили со помош на помодерни борбени тенкови, пишува Гардијан.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека Киев се подготвува за денешната средба во Рамштајн и дека „очекува силен пакет воена помош од САД“, пренесува Гардијан.

Состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија е последен во низата откако Русија ја нападна Украина пред речиси 11 месеци за да се разговара за идните пратки на оружје, особено германските тенкови Леопард 2 што ги користат армиите низ Европа.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски