Манчестер сити очигледно уште не се подготвени да ги „отпишат“ од трката за титулата во Премиерлигата, откако со неверојатен камбек во второто полувреме се вратија од 0:2 негатива за 4:2 триумф над Тотенхем со кој се доближија на пет поени од Арсенал (кои имаат натпревар помалку).
Ситуацијата за тимот на Пеп Гвардиола не изгледаше најдобро по првите 45 минути. Во 44. минута, Дејан Кулушевски ја искористи грешката на одбраната за да ги донесе Тотенхем до 1:0 водство, за две минути подоцна по обидот на Хери Кејн, Емерсон Ројал да зголеми на 0:2.
Меѓутоа, Сити излегоа со неверојатен жар во второто полувреме за луд пресврт. Хулијан Алварез во 51. минута намали на 1:2, за само три минути подоцна, Ерлинг Халанд пак да се запише во листата на стрелците за израмнување. Човек на одлука беше Ријад Марез со голот во 63. минута, за во 89. минута да стави точка на мечот со својот втор гол по една брза акција и лоша реакција на одбраната на тимот на Антонио Конте.
Поразот, втор во низа по тој од Арсенал во големото дерби, ги остава Тотенхем на петтото место со 33 поени, пет зад Њукасл на четвртото место и со натпревар помалку.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));