Продолжува падот на фаворитите на Австралија опен. Откако беше елиминиран вториот носител на турнирот Каспер Руд, третиот ден од Австралијан опен донесе уште две големи изненадувања.
Елиминирани се и Александер Зверев кој беше еден од фаворитите за титулата, и Тејлор Фриц.
Зверев загуби од 107. тенисер на АТП-листата, Мајкл Мо со 3:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:3, 6:2), додека Фриц беше елиминиран од Алексеј Попирин со 3:2 во сетови.