Утрински Весник
Спорт

Јокиќ влезе во историјата на Денвер во триумфот против Минесота

Јокиќ влезе во историјата на Денвер во триумфот против Минесота

Српскиот центар Никола Јокиќ стигна до 14. трипл дабл во сезоната, а Денвер ја забележа 14. победа кога тој има двоцифрен ефект во трите статистички категории. Денвер Нагетс ја совладаа Минесота во возбудлив финиш 122:118 и осамени се на врвот на Западот од НБА лигата пред Мемфис.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ имаше уште една брутална партија. Постигна 31 поен, имаше 11 скока и 13 асистенции, вклучувајќи ја и онаа при резултат 120:118, кога Гордон требаше само да забие и да ја запечати победата на Нагетс.



На Јокиќ му беа потребни седум асистенции за да го мине легендарниот Алекс Инглиш, а тоа го направи во третата четвртина кога забележа 3.680 асистенции во кариерата. Со тоа стана најдобар асистент во историјата на Денвер.

Кошаркарите на Јута победија против ЛА Клиперс со 126:103. Лаури Марканен беше најдобар играч во победничкиот тим, кој постигна 34 поени со 12 скока, една асистенција и украдена топка за нешто повеќе од 33 минути игра.

Кај ЛА Клиперс доминираше Норман Пауел со 30 поени.

Резултати: Далас – Аланта 122:130, Њујорк – Вашингтон 105:116, Хјустон – Шарлот 117:122, Мемфис – Кливленд 115:114, Њу Орлеанс – Мајами 98:124, Оклахома – Индијана 126:106, Јута – ЛА Клиперс 126:103, Денвер – Минесота, 122:118, ЛА Лејкерс – Сакраменто 111:116.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига