Утрински Весник
Спорт

Новиот претседател на Јуве: Уште еднаш ќе покажеме дека сме најголемиот италијански клуб

Новиот претседател на Јуве: Уште еднаш ќе покажеме дека сме најголемиот италијански клуб

Новиот претседател на Јувентус, Џанлука Фереро денеска официјално ја презеде позицијата во клубот по состанокот на директорите во Торино, каде што клубот се прости со Андреа Ањели и Павел Недвед, кои си дадоа оставки на 27 ноември со целиот борд на директори поради истрагата за финансиски прекршоци која ја води италијанскиото обвинителство.

dobivaj vesti na viber

„Денеска стапувам на оваа позиција со гордост и многу емоции. Сакам да се заблагодарам на Андреа Ањели кој ми подари дрес на Јувентус на крајот на состанокот. Се надевам дека ќе бидам достоен за позицијата и ќе покажам респект каков што заслужува. На прво место ќе се навивачите, со кои зборував во последно време и кои стравуваат за иднината на клубот. Ќе работиме да изградиме иднина каква што доликува на славната историја. Ова е најсилниот клуб во италијанскиот фудбал“, вели Фереро.

Јувентус се под истрага за лажно водее на сметките и вештачко зголемување на цените на фудбалерите и меѓу другите работи можат да следуваат кривични судења во Италија, како и потенцијално исфрлање од Серија А и од европскиот фудбал.

„Како што сите знаеме, ќе имаме големи предизвици во следните месеци. Веруваме дека го имаме потребното искуство, посветеност и познавање да го браниме Јувентус. Ќе го направиме тоа со смиреност и без ароганција“, додава Фереро.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари