Утрински Весник
Култура

Дипломиран детектив без искуство во културата ќе биде на чело на МКЦ, велат од Културниот центар

Дипломиран детектив без искуство во културата ќе биде на чело на МКЦ, велат од Културниот центар

Од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенцијата за привремени вработувања во МКЦ, без никакво искуство и заднина во културна институција, велат од Младинскиот културен центар откако вчера в.д. директорот Ванчо Богоев беше сменет од позицијата.

dobivaj vesti na viber

Младинскиот културен центар коментира дека смената на Богоев, кој е 36 години дел од институцијата, се случува поради неподлегнување на екстремните притисоци од генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

„И покрај признанието што дојде како круна на нашето работење со наградата ’13 Ноември’ за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50-годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8 проценти од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање директор во МКЦ“, велат од Центарот.

 

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“