Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Во наредниот период засилени контроли на застаклените тераси на локалите

Герасимовски: Во наредниот период засилени контроли на застаклените тераси на локалите
Img 5587

Во наредниот период, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе започне со засилени инспекциски контроли на застаклените тераси на рестораните, кафе баровите и останатите локали.

dobivaj vesti na viber

Акцијата ќе ги опфати сите нелегално изградени и застаклени тераси пред и околу локалите, кои не поседуваат одобрение за поставување на урбана опрема и друга соодветна документација за истите.

Img 5587

„Со оваа активност започнуваме да воведуваме ред во начинот на поставување и одржување на летните тераси на кафеаните, рестораните, кафе баровите и другите локали кои вршат дејност на подрачјето на Општина Центар. Целта е да се отвори просторот и да се ослободат јавните површини и да не им пречат на граѓаните, затоа што јавниот простор е наше заедничко добро“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во деновите што следат активна ќе биде и градежната инспекција, која ќе врши надзор на изградените доградби на објектите и ќе ги санкционира сите објекти кои се спротивни на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Центар.

По вчерашното отстранување на доградбата на бутик на улица „Македонија“, градоначалникот Герасимовски посочи дека нема да има толеранција за нелегални објекти на во Општина Центар.

Општина Центар повторно апелира до сите инвеститори и сопственици на објекти и доградби да ја поседуваат целосната документација и да ја имаат подмирено комуналната такса. Во спротивно, општината ќе ги санкционира, а доколку е потребно и ќе ги отстрани нелегалните доградби, со што трошокот за отстранување ќе падне на товар на сопствениците на објектите.

Ss1

Можете да прочитате

МОН: Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје

ЈО: Екстрадицијата на Палевски ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи

Димитриевски ги изнесе условите на ЗНАМ за формирање на идна влада