Утрински Весник
Македонија

Во Општина Кисела Вода ќе се фрла богојавленскиот крст

Во Општина Кисела Вода ќе се фрла богојавленскиот крст

Општина Кисела Вода ја продолжува лани возобновената традиција за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи во базенот “Расадник”, во четврток, на 19 јануари 2023 год.

Оваа година, манифестацијата започнува со литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 минути, од каде верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот Расадник. Осветувањето на водата и фрлањето на крстот ќе се случи во 11 часот.

За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од Општина Кисела Вода и од спонзори.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до среда, 18.01.2023, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.

Можете да прочитате

Личните предмети на загинатите и повредените во „Пулс“ ќе се враќаат на семејствата

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

МНР: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа