Утрински Весник
Свет

(Видео) Зимска бура во Франција остави 75.000 дома без струја

(Видео) Зимска бура во Франција остави 75.000 дома без струја

Паднати дрвја останаа зад налетот на ветрот со брзина од повеќе од 100 километри на час, што денеска го зафати поголемиот дел од северозападна Франција, каде што е издаден портокалов метео-аларм во 14 департмани, прекини на струја, а има застој и во железничкиот сообраќај.

dobivaj vesti na viber

Без струја утринава останаа околу 75.000 потрошувачи, објави мрежниот оператор „Енедис“. Државната железничка компанија СНЦФ пријави тешкотии во сообраќајот поради дрвјата што лежат на шините. Циклонот наречен Жерар е „зимска бура типична за овој период од годината, но бара посебна претпазливост“, велат од „Метео Франс“, предвидувајќи „слабеење на неговиот интензитет“ в понеделник попладне.

Околу пладне „Метео Франс“ го задржа портокаловото ниво на тревога во 14 департмани поради силните ветрови. Наместа ветрот достигна брзина од 158 километри на час.

По невообичаено топлото време за јануари, Франција оваа недела доживеа заладување. Во наредните денови на југозапад се очекува уште едно невреме. Портокалова тревога е прогласена во два дела на централниот масив поради обилниот снег, кој почна да паѓа во понеделникот наутро и се очекува да се задржи на земјата на надморска височина од 600 до 800 метри.

Обилен снег се очекува и на пониските надморски височини на повеќето планински масиви.

На североисток се очекува снег на висорамнините на височина од 300 до 400 м. Продолжува опаѓањето на температурата, која претпладне, генерално, се движи од 1 до 5 Целзиусови степени, а на местата околу планините се враќа слабиот мраз.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија