Утрински Весник
Македонија

Фатени двајца млади луѓе за кражба во магацин на РЕК Битола

Блок 3 на РЕК „Битола“ ставен во функција

Две лица на возраст од 21 и 19 години се приведени поради кражба од магацински простор во кругот на РЕК Битола.

dobivaj vesti na viber

„На 15.01.2023 од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишени од слобода се З. М.(21) и Б.К.(19) од Битола, поради сомнение за извршено кривично дело ‘кражба’, постапувајќи по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК Битола одземени се поголем број предмети“, соопшти МВР.

Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Шокантен случај: Македонец правел грабежи за да биде уапсен во Швајцарија

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари