Утрински Весник
Македонија

Бујар Османи ја започна посетата на Украина

Бујар Османи ја започна посетата на Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна на Главната Железничка станица во Киев, каде во својство на Претседавач со ОБСЕ ќе оствари посета на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија.

Воедно, во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.

Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!

Можете да прочитате

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери