Утрински Весник
Свет

Престрелка на погреб во Лондон: Повредени три жени и дете

Престрелка на погреб во Лондон: Повредени три жени и дете

Во престрелката на погреб во Лондон повредени се четири лица, меѓу кои три жени и едно седумгодишно девојче.

dobivaj vesti na viber

Во нив било пукано од автомобил кој во моментот на погребот минувал покрај црквата. Три жени на возраст од 48, 54 и 41 година се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, а состојбата на девојчето се уште не е позната.

Очевидци велат дека било трауматично.

„ Никој не знаеше дали се работи за бомба или за вооружен маж. Баравме места за криење. Сите само се забивме во аглите каде што можевме. Тргнавме по 10-тина минути – изјави очевидецот.

Се трага по напаѓачите.

Можете да прочитате

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината

Војната во Иран досега ја чини Америка 29 милијарди долари

Три британски министерки поднесоа оставки и го повикаа Стармер да се повлече