Утрински Весник
Свет

Пензионираниот генерал Петр Павел пред Бабиш, за две недели ново гласање за претседател на Чешка

Пензионираниот генерал Петр Павел пред Бабиш, за две недели ново гласање за претседател на Чешка

Пензионираниот генерал Петр Павел води со мала разлика во првиот круг од претседателските избори во Чешка, откако беа пребројани 99,1 отсто од гласовите.

dobivaj vesti na viber

Павел има 35,24 отсто од освоените гласови, додека на второ место е поранешниот премиер на Чешка Андреј Бабиш со 35,15 отсто од гласовите, објави „Ројтерс“.

Со оглед на тоа што ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг од изборите, Чешка за две недели ќе бира нов претседател меѓу Павел и Бабиш.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината