Утрински Весник
Спорт

Ал Хилал му нуди 300 милиони евра од сезона на Лионел Меси да дојде во Саудиска Арабија

Ал Хилал му нуди 300 милиони евра од сезона на Лионел Меси да дојде во Саудиска Арабија

Саудискиот клуб Ал Хилал е подготвен да му понуди 300 милиони евра по сезона на Лионел Меси за да го доведе и повторно да го обнови ривалството со Кристијано Роналдо. На овој начин двете големи ѕвезди по неколку години повторно би заиграле во истата фудбалска лига.

dobivaj vesti na viber

Кристијано Роналдо неодамна ја официјализираше преселбата во саудискиот Ал-Наср, за кој се уште нема настап поради суспензијата од периодот во Манчестер Јунајтед. Освен Роналдо, Ал-Наср има уште неколку многу сериозни играчи во својот тим и најавуваат нови засилувања, а најголемиот ривал не планира да седи со скрстени раце.

Ал Хилал, тимот кој е актуелен шампион на Саудиска Арабија и кој со 65 титули е најтрофејниот клуб во Азија, го посакува Лео Меси. Ова го тврди „Мундо Депортиво“, а платата на најдобриот аргентински фудбалер би била 300 милиони долари годишно.

Меси веќе има врска со Саудиска Арабија бидејќи ја промовира таа земја како амбасадор во туризмот.

Аргентинецот има договор со Пари Сен Жермен до крајот на актуелната сезона, но голема е веројатноста да го продолжи за уште една сезона.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари