Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Светската банка констатира најмал раст на БДП за Македонија во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Светската банка констатира најмал раст на БДП за Македонија во регионот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повторно нов меѓународен извештај и повторно Македонија закована на дното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Според последниот извештај за глобални перспективи на Светската банка, Македонија е рангирана на последно место во регионот со 2,1 % БДП. Светската банка пред Македонија ги рангира сите земји од регионот по БДП за 2022 година. Пред нас во извештајот на Светската банка поголем домашен бруто-производ има Босна и Херцеговина, како и Косово. Највисоко на овој извештај е Хрватска со 6,6 % БДП, па Црна Гора со 5,9 %, потоа Босна со 4 %, Албанија со 3,5 %, Косово со 3,1 % и Србија со 2,5 %“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

Оценуваат дека немањето вистински мерки, но и задоцнети мерки за економијата во оваа година на кризи, слабата реализација на капитални инвестиции, се целосен неуспех на оваа неспособна власт и доведуваат до најмал процент од БДП.

Според нив, криминалот и корупцијата во државата се вистинската причина за намалување на странските директни инвестиции.

„Оваа криминална власт изминатата година повеќе мислеше на луксузирање и трошење на парите на граѓаните за непродуктивни трошоци, нови и луксузни автомобили за министрите наместо капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието, културата и земјоделството.
Токму поради неспособноста и немањето визија, невладеењето на правото, како и зголемениот криминал и корупција, секој ден сè повеќе млади се иселуваат од државата и спасот го гледаат во западноевропските земји“, се посочува во реакцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ова девастирање на државата и уназадување на секое поле мора да запре. Излез од ваквите состојби, според нив, се брзи предвремени парламентарни избори.

Можете да прочитате

УЈП во 2025 собрала над четири милијарди евра

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари