Утрински Весник
Свет

Песков: Западот ја „пумпа“ Украина со оружје а неговите резерви се исцрпуваат

Песков: Западот ја „пумпа“ Украина со оружје а неговите резерви се исцрпуваат

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите на ТАСС изјави дека Западот е подготвен да продолжи да обезбедува оружје за Украина, иако залихите на оружје на тие земји се при крај.

dobivaj vesti na viber

„Досега видовме дека западните земји, на чело со САД, покажаа подготвеност да продолжат да одвојуваат пари и да ја пумпаат Украина со оружје. Во исто време, гледаме и одредени проблеми со воено-индустрискиот комплекс на овие земји.

Нивните резерви на оружје и муниција се исцрпени. Ние продолжуваме да ги следиме нивните изјави дека и покрај сите тешкотии, тие ќе продолжат да и помагаат на Украина“, одговори Песков за ТАСС.

Тој рече дека има луѓе на Запад кои почнале да се прашуваат дали Киев ефективно ја потрошил финансиската помош од западните земји.

„Постојат заинтересирани страни кои би сакале да ја знаат ефективноста на трошењето чудесни суми за Украина. Знаете дека Украина страда од болести, а мислам на корупција. Протокот на овие пари очигледно ги надминува очекуваните граници и се повеќе луѓе во Западот го разбираат ова, овие пари ќе продолжат да течат и тој проблем ќе биде неизбежен за западните земји“, рече Песков.

На прашањето дали таквите податоци може да се сметаат за дополнителен доказ дека меѓународната војна против Русија е во тек, Песков одговори: „Ако сакате, можете“.

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан