Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува скандалот со забраната на новинари да си ја вршат својата професионaлна задача од страна на кабинетот на Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува скандалот со забраната на новинари да си ја вршат својата професионaлна задача од страна на кабинетот на Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува спречувањето на новинарите од новинската агенција Курир и радио Лидер во вршењето на својата професионална задача. Ваквото тоталитарно однесување од страна на одговорните лица во кабинетот на Ковачевски само ја покажува вистинската слика за односот на владата и Ковачевски кон новинарската фела, се вели во соопштението од партијата.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека токму заради ваквите настани, Македонија со години тоне во рангирањето на сите релеватни меѓународни извештаи во однос на демократијата и владеењето на правото. После денешниот скандал, со спречувањето на новинарите во својата работа, се поставува прашањето, од што бега Димитар Ковачевски и зошто се плаши од прашањата на новинарите. Дали се плаши да одговори на прашањето за што е договорено и што му е ставено на маса после вчерашната средба во Тирана?

Од партијата наведуваат дека ова не е прв инцидент на кабинетот на Ковачевски при неговите јавни настапи. На секоја прес конференција, новинарските работници се спречени и ограничени при поставувања на прашања кон премиерот и министрите во оваа антидржавна власт.

Друг сличен инцидент имаше и кога новинар од национална телевизија доби закани од обезбедувањето на премиерот, дека ќе биде уапсен, заради поставено прашање кон Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите надлежни институции, како и новинарски здруженија да реагираат на ваквиот непрофесионален однос од страна на кабинетот на Димитар Ковачевски.

На ваквото тоталитарно однесување, како и на забеганоста на власт за многу брзо ќе и дојде крајот, на следните предвремени парламентарни избори на кои СДС и ДУИ катастрофално ќе ги изгубат, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле судски тужби против своите установи

Полицијата ја уапси сопственичката на крави од Паланка

Национален младински форум „Тука сме за да останеме!”