Утрински Весник
Спорт

„Повеќе од гол“ – MOZZART донира по 3.000 денари за секој гол на Македонија на СП 2023!

„Повеќе од гол“ – MOZZART донира по 3.000 денари за секој гол на Македонија на СП 2023!

Тоа е повеќе од гол, повеќе од игра! Јануари повторно ни е резервиран за ракометот, ракометарите на Македонија во петок стартуваат на Светското првенство, а во секој напад ќе имаат дополнителен мотив – компанијата Mozzart за секој нивен погодок на светскиот собир ќе донира по 3.000 денари во хуманитарни цели.

dobivaj vesti na viber

Нашата репрезентација првиот меч го игра во петок против Норвешка, а во групата ќе се соочи уште и со Холандија и Аргентина. Трите најдобри одат во втората рунда, додека последниот патува во Президент Купот. Нема да биде лесна задачата која го очекува тимот на Кирил Лазаров и затоа е многу важно да им се даде на момците ветар во грб. Низ оваа традиционална акција, Mozzart секогаш пробува да го извлече најдоброто, но и најхуманото од спортистите, кои со воодушевување ги поздравуваат ваквите иницијативи.

Еден од нашите главни адути на овој светски ракометен собир ќе биде Филип Талески, кој воедно е и промотер на хуманитарната акција на Mozzart. Ракометарот на Вардар кој игра одлична сезона најави дека задоволство му е што е дел од оваа кампања, а истовремено кажа дека Македонија нема да крене бело знаме пред никого.

„Ми претставува посебно задоволство да бидам промотер на оваа хуманитарна акција на Mozzart. И се заблагодарувам на компанијата што ме одбра токму мене за оваа кампања поврзана со СП во ракомет 2023 година. Нашиот тим ќе даде сѐ од себе за постигнување на подобар резултат и што е можно повеќе голови. На тој начин правиме две успешни работи, ја претставуваме нашата Македонија со добар пласман и ја зголемуваме можноста за што поголем износ на средства наменети за хуманитарни цели “ – изјави Филип Талески.

Од менаџментот на Mozzart им посакаа среќа на ракометарите и многу голови во противничките мрежи.

„Целата земја во наредните денови ќе биде со ракометарите. Затоа решивме да им пружиме дополнителна поддршка и да ги мотивираме да постигнуваат што повеќе голови. Веруваме дека момците ќе бидат разиграни и дека таа добра енергија, односно учеството во оваа акција ќе ги турне кон победи. А ние, заедно со навивачите со дополнителен жар ќе го прославиме секој погодок, бидејќи знаеме дека тоа го зголемува фондот за хуманост и дека помошта ќе отиде таму каде е најпотребна” – нагласија од менаџментот на компанијата Mozzart.

Првиот натпревар на Македонија против Норвешка се игра во петок од 20:30 часот. Натпреварот Македонија – Холандија е закажан на 15 јануари од 18:00 часот, додека последниот меч од првата фаза по која ќе се знае нашата иднина на СП 2023 против Аргентина се игра на 17 јануари од 18:00 часот.

ПР

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина