Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Преку соработка со граѓанскиот сектор до соодветни социјални услуги за граѓаните

Тренчевска: Преку соработка со граѓанскиот сектор до соодветни социјални услуги за граѓаните
Dik 300x250 mk

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети долгогодишнте партнери на министертвото во борбата против трговијата со луѓе Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата на здружението министерката се сретна со жртви на трговија со луѓе кои што се згрижени во Центарот за жртви на трговија со луѓе.

„Со склучување на управeн договор за социјална услуга овозможуваме функционирање на Центарот за жртви на трговија со луѓе во кој услугата ја добиваат жртвите на трговија со луѓе во согласност со меѓународните стандарди за заштита. За нас како Министерство на прво место е заштита на човековите права на жртвите и справување со трговијата со луѓе особено со трговијата со деца и заштита на нивниот најдобриот интерес. Процесот на заштита е долготраен и мултисекторски во кои се посветува посебно внимание на безбедно сместување, здравствена заштита, правна помош, социјална заштита, образование и економска поддршка. Наша крајната цел е да им се помогне на жртвите да се најде трајно решение кое ќе ги адресира сите нивни потреби за заштита и ќе се подготват за интеграција во заедницата“ истакна Тренчевска.

Помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ на почетокот на оваа година е потпишан управен договор за давање на услугата привремен престој во Центар за привремен престој за жртви на трговија со луѓе.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи