Шакира, наводно, е психички скршена откако видела дека новата девојка на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике се појавува во видеоинтервју што тој го направил од нивниот семеен дом кога тие сè уште биле заедно.
Инсајдер изјави за „Пејџ сикс“ во понеделникот дека поранешната двојка сè уште била заедно кога било снимено видеото.
Во новооткриениот видеоклип од август 2021 година, новата девојка на шпанскиот фудбалер, Клара Чиа Марти (23), е во позадина на интервјуто преку „Зум“ што тој го направи за „Твич“ од својот дом во Барселона, додека Шакира (45) била во странство со нивните две деца.
Снимено е 10 месеци пред пејачката да објави дека се разделила од партнерот со кого живееше 11 години. Шпанскиот дефанзивец (35) потоа јавно се огласи за врската со Клара.
„Пејџ сикс“ цитира извор дека Шакира била уништена кога дознала дека девојката очигледно се чувствува како дома во куќата што ја делеле со своите деца.
„Во тоа време Жерар и Шакира беа уште заедно и навидум беа среќни,“ додава изворот.
„Поразително е за неа да дознае дека оваа афера траела многу подолго отколку што таа замислувала.“
Латино дивата и шпанскиот фудбалер беа заедно 11 години.