Утрински Весник
Свет

(Видео) Голем пожар во зграда во Москва, евакуирани над 230 луѓе

(Видео) Голем пожар во зграда во Москва, евакуирани над 230 луѓе

Пожар избувна во еднокатна зграда во Москва, јавуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

На терен веднаш излегоа пожарникарски екипи, а пожарот веќе е локализиран, наведуваат од службите.

Според изворот на руски „Лајф“, се урнал покривот од зградата, а луѓето се евакуирани. Пожарот зафатил и магацин, во кој се наоѓа автосервис, на улицата Доброљубов.

Опожарената површина е 2.000 метри квадратни, соопшти прес-службата на главниот штаб на Министерството за вонредни состојби. Одделот соопшти дека 233 лица ја напуштиле запалената зграда пред да пристигнат пожарникарите.

Според прелиминарните податоци, на територијата на комплексот се чуваат парфимериски производи, а во административниот дел на зградата има и хостел.

Засега не се познати причините за инцидентот.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз