Утрински Весник
Свет

Навални: Ме казнија во затвор оти ја вршев утринската хигиена порано од вообичаеното

Навални: Ме казнија во затвор оти ја вршев утринската хигиена порано од вообичаеното

Рускиот опозиционер кој речиси две години е во затвор во Русија, тврди дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија.

dobivaj vesti na viber

Во пораката што ја испрати до своите адвокати, а која беше објавена денеска на социјалните мрежи, Навални вели дека на 31 декември управата на затворот одлучила да го осуди на 15 дена во дисциплинската ќелија поради кршење на прописите.

Навални тврди дека управата го обвинила што едно утро станал во 5:24 часот и си ја вршел утринската хигиена. Вели дека тоа го направил 36 минути пред наложеното, бидејќи будењето во затвор обично е во 6 часот наутро и затоа бил казнет.

„Така ми ги уништија плановите за супер дочек на Новата Година со кесичка чипс и лименка риба што ги зачував. Целата новогодишна ноќ ја поминав во ќелија со уште двајца затвореници, од кои едниот има психоза и постојано врескаше“.

Навални беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во Русија по тешкото труење со новичок, што му го припишува на Кремљ.

Можете да прочитате

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?

Украинската војска соопшти дека извршила напад на рускиот воен аеродром Саваслејка

Четворица јапонски војници повредени во експлозија во американска воена база во јужна Јапонија