Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Али во Македонија има две маши, едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите, вториот е Апасиев кој мора да глуми патриот

ВМРО-ДПМНЕ: Али во Македонија има две маши, едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите, вториот е  Апасиев кој мора да глуми патриот

„Али во Македонија има две маши. Едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите и апетитите на ДУИ, вториот е фолирантот Димче Апасиев кој мора да глуми патриот и во наредниот период ќе видиме како тој со празни зборови и фб статуси ќе треба да биде жесток бранител на Македонија, додека делата му се еднакви на нула“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тоа што е константно, според оваа партија е коалицијата во Град Скопје каде директорите на фолирантот Димче седат во иста клупа со директорите на Али и заедно со Ковачевски прават опструкции во општините каде ВМРО има градоначалници.

„Затоа секогаш кога на Али ќе му притреба, му фрла гума за спасување на неговиот слуга Ковачевски, а за Апасиев теми за да биде актуелен. Интересно е како само СДС нема против оваа средба каде за македонските прашања, се координираат во Тирана. Очигледно Али ќе ја учи и Тирана за зелената агенда, или Тирана ќе спрема втора тиранска платформа која после Али ќе му ја даде на Ковачевски?“, се посочува во соопштението од опозициската партија.

Оценуваат дека единствениот договор кој треба да го има е обединување против криминалот и договор за избори за да народот одлучи!

Можете да прочитате

СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово