Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Украинскиот рекордер не смее да влезе во земјата во наредните 10 години

Украинскиот рекордер не смее да влезе во земјата во наредните 10 години
300x250 opst2

Легендарниот фудбалер на Зенит и Баерн Минхен, Антолиј Тимошчук, рекордер по број на одиграни натпревари во украинската репрезентација, нема да може да влезе во својата земја во следните десет години.

dobivaj vesti na viber

Ова го открива указот за санкции потпишан од претседателот на државата, Владимир Зеленски, кој се однесува на над сто јавни личности.

Тимошчук, претходно беше избришан од регистарот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, а ја загуби и тренерската лиценца, бидејќи одби да ја напушти функцијата во стручниот штаб на Зенит од Санкт Петербург по избувнувањето на војната во Украина.

Тој го држи рекордот по број на натпревари за репрезентацијата со 144 настапи.

Со Зенит ја освои Лига на Европа, во славната генерација во која меѓу другите беа Павел Погребњак и Андреј Аршавин, а потоа и Суперкупот на Европа со победата над Манчестер јунајтед.

Подоцна се пресели во Баерн, со кого ја освои Лигата на шампионите, како и три трофеи во Бундеслигата. Во Украина играше за Шахтјор Доњецк.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН