Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Војните како оваа во Украина се злосторство против бога и човештвото

Папата Франциско: Војните како оваа во Украина се злосторство против бога и човештвото

За време на денешниот редовен годишен говор пред дипломатите акредитирани во Ватикан, папата Франциско оцени дека војните како вооружениот конфликт што се случува во Украина, каде цивилните области се предмет на неселективно уништување, се „злосторства против Бога и човештвото“.

dobivaj vesti na viber

Според папата Франциско, нападите врз цивилната инфраструктура во кои луѓето умираат од оружје, глад и студ претставуваат чин на војна со цел неселективно уништување цели градови или огромни области, но и злосторство против Бога и човештвото кое заслужува цврста и недвосмислена осуда, пренесува Ројтерс

Потсетувајќи на кубанската ракетна криза во 1962 година, Папата рече: „За жал, денес нуклеарната закана повторно се зголемува и светот повторно чувствува страв и вознемиреност“.

Поглаварот на Римокатоличката црква го повтори својот апел за целосна забрана на нуклеарното оружје и рече дека поседувањето такво оружје е „неморално“.

Папата Франциско во својот говор ги осуди властите во Иран за извршување на смртни казни за учесниците на демонстрациите, побара поголема почит кон жените.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници