Утрински Весник
Македонија

СДСМ денеска поднесува иницијативата за вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух

Се препорачува ослободување од работа на неколку групи на лица поради загадувањето

СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, СДСМ преку советничката група во Совететот предлага и конкретни мерки за намалување на загадувањето во Скопје:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Од владејачката партија велат дека загадениот воздух во главниот град изминатите денови е на алармантно високо ниво.

„ Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за загадувањето во главниот град. Потребна е посебна, вонредна седница на Советот на Град Скопје на којашто ќе се разговара за решенија и мерки за намалување на загадувањето, за што СДСМ има и подготвени мерки кои ги предлага.

Противењето на ВМРО-ДПМНЕ да се свика вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух е неодговорно и само го покажува вистинското лице на оваа партија. ВМРО ДПМНЕ мисли само на тендери и провизии, за граѓаните воопшто не се грижат“ обвинуваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ