Утрински Весник
Македонија

Претпладнe магливо а попладне сончево со мала до умерена облачност

Сончево време со утринска магла по котлините

Денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во недела и во понеделник претпладне ќе се задржи стабилно време, по котлините со појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој од вторник попладне ќе го промени правецот во северен.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов