Утрински Весник
Спорт

Ауар ќе го смени спортското државјанство

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Хусем Ауар реши да го смени спортското државјанство. Капитенот на Олимпик Лион го прифатил повикот од Алжир, потврдија од Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Алжирската фудбалска федерација на националната телевизија објави дека Ауар дал согласност да се приклучи на репрезентацијата на Алжир.

Претседателот на алжирската федерација откри и дека има преговори со некои други играчи кои се подготвени да го променат своето спортско државјанство и да ги бранат боите на земјата од која потекнуваат.

Извори блиски до самиот играч истакнаа дека има разговори и преговори, но дека се уште не е постигнат конечен договор, иако Ауар е подготвен да се откаже од дресот на француската репрезентација за да игра за Алжир.

Ауар има 24 години, тој е роден во Лион, но има алжирски корени. Досега само еднаш настапил за репрезентацијата на Франција. Пред две и пол години дебитираше со две асистенции на пријателскиот натпревар против Украина во победата од 7:1.

Таа година беше повикан за натпреварите од Лигата на нации против Португалија и Хрватска и во двата случаи Дидие Дешамп не му даде шанса, што му дава можност сега да игра за Алжир. Тој претходно одигра 15 натпревари за У-21 на Франција и постигна четири гола.

Ауар е еден од главните играчи на Лион, изминатите две сезони, во секој преоден рок се поврзува со некој од големите европски клубови.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ