Алфредо Педула, италијански стручњак за трансфери открива дека три клуба ќе се борат за потписот на Јошко Гвардиол.
„Лајпциг ги тероризира Челзи, Реал и Манчестер сити со тоа што го отвори наддавањето за брилијантниот млад стопер Германците знаат дека можат да прават што сакаат бидејќи во летото 2024 година се активира откупната клаузула од 110 милиони евра, па заинтересираните за Гвардиол мора пред тоа да ја доведат ѕвездата на неодамнешното Светско првенство“, пишува Педула.
Челзи ја отвори понудата со 80 милиони евра, но Сити и особено Реал понудиле повеќе пари.
„Челзи ја отвори наддавањето со понуда од 80 милиони евра, по што Реал поведе со понуда од 90 милиони евра. Сепак, откриваме дека во последните две недели биле одржани две средби меѓу Реал и Лајпциг, каде шампионот на Шпанија и Европа за Гвардиол понудил 120 милиони евра на две рати од по 60 милиони со бонуси“.
Според овој извор, Реал на Гвардиола му нуди годишна плата од шест милиони евра и бонуси, а тој е подготвен да ја прифати, иако е далеку помала од деветте милиони евра што Челзи му ги гарантира на годишно ниво.
„Лајпциг веќе најде замена за Гвардиола. Тоа е Јакуб Кивиор, 22. гдишниот стопер на Специја“, заклучува Педула.
Потсетуваме, Гвардиол се пресели во Лајпциг за 18,8 милиони евра. Според договорот со Лајпциг, Динамо има 20 отсто од заработката на Лајпциг кога Гвардиол ќе биде продаден во друг клуб.
Доколку Лајпциг го продаде за споменатите 120 милиони евра, Динамо би добил 20,24 милиони евра. Така Динамо би заработил вкупно 39,04 милиони евра на играч кој мина само две сезони во сениорскиот тим и одигра само 52 натпревари.