ПСЖ го стави Нејмар на трансфер листата и е спремен да слуша понуди од други клубови, пренесува шпанскиот „Фихајес“. Францускиот клуб ја спушти цената на само 50 милиони евра со надеж дека ќе привлече клубови од Премиер лигата како Њукасл, Челзи и Манчестер сити.
Да потсетиме, Нејмар е најскапиот играч во историјата на фудбалот. Пред пет години ПСЖ го донесе од Барселона за 222 милиони евра, а Бразилецот не успеа да ја оствари целта и на Парижаните да им ја донесе титулата европски првак. Со клубот има договор со 2027 година.
Раководството на ПСЖ почна да паничи кога го виде договорот на Нејмар кој по 1. јули минатата година автоматски беше продолжен до 2027 година, со астрономска плата која му овозможува да живее како еден од најплатените спортисти на денешницата.
Работата веројатно немаше да биде ниту проблематична, ниту итна доколку Килијан Мбапе не потпишеше нов договор со ПСЖ пред само неколку месеци.
До заминувањето на Роналдо во Ал Наср, Мбапе не само што ја имаше најголемата плата во светот на фудбалот, туку ги имаше и најголемите бонуси, а тој е целосен сопственик на правата на неговото име, што има големи последици за продажба на дресови и други клубски артикли.
Покрај тоа, Лионел Меси се уште е во клубот, па платите на овие тројца сега изнесуваат околу 210 милиони евра, што е сума која ги надминува целокупните буџети на многу големи европски клубови.
Со сите манипулации со буџетот и правилата, ниту ПСЖ не може да издржи таков притисок врз буџетот, со оглед на старо-новите правила на УЕФА за одржливост и бизнис. Веќе минатата сезона стана јасно дека не постои соблекувална која може да се справи со такви тројца играчи во исто време.