Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Во услови на криза значајна е енергетската поддршка од Турција

Ковачевски: Во услови на криза значајна е енергетската поддршка од Турција

На средбата со делегација од Турција за енергетика, одржана во Владата, директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, го запозна министерот за енергетика, Фатих Донмез и членовите на делегацијата, со капацитетите на АД ЕСМ, производството на електрична и топлинска енергија, како и менаџирањето во услови на енергетска криза.

dobivaj vesti na viber

Директорот Ковачевски истакна дека е добро во време на енергетска криза да имаме поддршка од Турција, која располага со зголемени можности и капацитети за производство на електрична енергија, и особено за снабдување со природен гас.

„Турција стана голем регионален центар за складирање и испорака на природен гас, и за АД ЕСМ и за Северна Македонија е значајно да имаме сигурно и стабилно снабдување со овој енергенс, поради потребите во кризата со електрична енергија, а особено во делот на кризата со топлинска енергија, и очекуваме во иднина да имаме поддршка од Турција на ова поле.

Со претставниците на турската државна компанија БОТАШ, чија примарна дејност е продажба, испорака и складирање на природен гас, разменети беа информации и искуства од работењето на двете компании, и во текот на јануари ќе биде одржана посебна средба меѓу АД ЕСМ и БОТАШ во однос на снабдувањето со природен гас, на која средба ќе се разговара и за енергетските капацитети, можностите за снабдување со енергенси и другите опции за помош и поддршка од Турција во делот на енергетиката“, е наведено во писмената информација од АД ЕСМ.

Можете да прочитате

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”