Утрински Весник
Спорт

Атлетико без Феликс со победа во Овиедо

Атлетико без Феликс со победа во Овиедо

Атлетико Мадрид влезе во осминафиналето на шпанскиот Кралски куп, победувајќи со 0:2 на гости кај Реал Овиедо, во меч кој предизвика огромно внимание (посебно на островот), откако Диего Симеоне не го вклучи Жоао Феликс во тимот, во исчекување за понуда за преселба во Премиерлигата.

dobivaj vesti na viber

Маркос Љоренте го постигна првиот гол на мечот во 24. минута, а во нервозното второ полувреме, потврда на победата пристигна во 84. минута со голот на Пабло Бариос за 0:2.

И другите фаворити влегоа во осминафиналето – Севилја со 5:0 го совлада Линарес,  Реал Сосиедад стигна до минимална 1:0 победа на гости кај Логроњес, додека на Мајорка и беа потребни продолженија за да стигне до 2:0 победа над Понтеведра.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ
Линарес – Севилја 0:5
Понтеведра – Мајорка 0:0, 0:2 по продолженија
Логроњес – Реал Сосиедад 0:1
Реал Овиедо – Атлетико Мадрид 0:2

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград