Утрински Весник
Македонија

Маглата ќе се задржи до недела, од понеделник дожд и снег на планините

Маглата ќе се задржи до недела, од понеделник дожд и снег на планините

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје со појава на магла или ниска облачност, која преку денот делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 4 степени.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Можете да прочитате

Субвенциониран студентски оброк, студентите бараат + 10 денари, министерката ќе чека ребаланс

Хероите на Дојран: Двајца другари со свои раце го чистат каналот за да го спасат езерото

Филипче: До крајот на неделата СДСМ ќе излезе со работна верзија на резолуцијата за евроинтеграциите