Аталанта ја прекина лошата серија од три порази во низа со тешко (и среќно) извојувано 2:2 реми на гости кај Специја, додека „фенерџијата“ Верона, пак, успеа да освои поен на гостувањето кај Торино.
Специја веднаш покажа дека оди на три поени, откако Емануел Гјаси ги донесе во водство уште во осмата минута, за М’Бала Нзола да зголеми на 2:0 во 31. минута од мечот. Специја постигна уште еден гол, преку Итан Емпеду по еден час игра, но тој беше поништен поради офсајд, пред Расмус Хјолунд да намали на 2:1 во 77. минута од мечот. „Спасител“ на „Ла деа“ беше Хрватот Марио Пашалиќ
Во Торино, Милан Ѓуриќ им донесе водство на Верона во финишот на првото полувреме, пред Алексеј Миранчук да спаси поен за домаќините во 52. минута од мечот.
СЕРИЈА А, 16.КОЛО
Специја – Аталанта 2:2
Торино – Верона 1:1
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));