Утрински Весник
Македонија

​Две нови градинки во 2023 година и стотина нови проекти во Аеродром

​Две нови градинки во 2023 година и стотина нови проекти во Аеродром

Во Аеродром наскоро ќе започне изградбата на две нови детски градинки, а во тек се и административните подготовки за повеќе од 100-тина проекти кои ќе донесат една нова и поубава слика за општината. Минатата година ја најавивме почетокот на изградбата на двете детски градинки, а со изборот на идејните решенија, надминат е првиот дел од административниот процес кој ќе се реализира во неколку фази, изјави градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

dobivaj vesti na viber

Најавувајќи ја имплементацијата на новите проекти во Аеродром, градоначалникот Муцунски на својот фејсбук профил објави дека токму почетокот на изградбата на двете детски градинки се дел од големиот број инвестиции кои Општина Аеродром ги планира за оваа година.

„ Се радувам што на почетокот на новата година споделуваме убави информации. На крајот на минатата година беше распишан јавниот повик за избор на идејно решение. Комисијата која беше составена од искусни професионалци, направи селекција и ги избра најдобрите три решенија за двете детски градинки кои се дел од амбициозните планови за оваа година“, истакна Муцунски на својата фејсбук страна.

Тој се заблагодари на големиот интерес на јавниот повик и нагласи дека значајно за повикот е што со свои предлог решенија учествуваат голем број млади, но и искусни и докажани архитекти.

„ На овој начин ги мотивираме архитектите да работат и да бидат креативни, но и да даваат професионален и експертски придонес за урбанизацијата на просторот во кој ќе растат дечињата од Аеродром. Хуманото урбано планирање, особено за вакви капитални инвестиции, неопходно бара нивна поголема вклученост во овие процеси”, нагласи тој и потенцираше дека овој начин за селекција на идејните решенија ќе остане добра пракса која ќе се користи во иднина.

Со почетокот на изградбата на двете детски градинки, се става крај на деценскиот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Аеродром, а решавањето на најважните локални проблеми ќе биде фокусот на општина Аеродром и оваа година. Покрај двете градинки, буџетот за новата година предвидува и доградба на две основни училишта на територијата на Аеродром, со што продолжуваат започнатите инвестиции во објектите кои се наменети за учениците.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!