Украина и Русија ќе склучат примирје во летото оваа година, изјави поранешниот генерал на НАТО Ханс-Лотар Домрезе.
Генералот смета дека процесот на прекин на огнот ќе се одвива во периодот од февруари до мај.
„Ќе имаме примирје во 2023 година. Нема смисла да ја продолжите борбата ако повеќе не освојувате нови територии. Веројатно во периодот од февруари до мај ќе дојде до ситуација во која двете страни ќе сфатат дека повеќе не одат напред“, рече тој, пренесува „Берлинер цајтунг“.
Според него, тоа би било „момент за преговори за прекин на огнот“, но таквиот развој на ситуацијата засега нема да значи мир.
„Понатаму, ќе бидат потребни преговори, кои најверојатно ќе траат долго, а посредници би можеле да бидат генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган или индискиот премиер Нарендра Моди, иако никој посебно не се наметнува“ оцени Домрезе.
“Единствената преостаната можност е да се дојде до решение кое ќе биде прифатливо за двете страни преку преговори“, заклучи поранешниот генерал на НАТО,пренесе Политика.рс.