Утрински Весник
Свет

Израелски борбени авиони го нападнаа аеродромот во Дамаск, двајца војници загинаа и двајца се повредени

Израелски борбени авиони го нападнаа аеродромот во Дамаск, двајца војници загинаа и двајца се повредени

Меѓународниот аеродром во Дамаск не е во функција поради израелски ракетен напад, загинаа двајца сириски војници, соопшти сириското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Претходно сирискиот државен телевизиски канал Ал-Ихбарија објави дека Израел го нападнал јужниот дел на главниот град на САР.

Агенцијата САНА извести за експлозиите на небото и работата на силите за воздушна одбрана.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Сирија, нападот бил започнат околу 2 часот по локално време од страната на Тиверијското Езеро на аеродромот во Дамаск и неговата околина.

„Како резултат на агресијата, двајца војници загинаа, уште двајца се повредени, причинета е материјална штета, а меѓународниот аеродром во Дамаск не е во функција“, се вели во соопштението на Министерството.

Израелската армија систематски изведува воздушни напади врз различни цели во Сирија. Минатата година беа гранатирани Дамаск, Алепо, пристаништето Тартус и истражувачкиот центар во градот Масијаф.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70