Утрински Весник
Спорт

Иранската полиција со рација на забава на фудбалери поради пиење алкохол

Иранската полиција со рација на забава на фудбалери поради пиење алкохол

Иранската полциција накратко привела неколку, засега неидентификувани, ирански репрезентативци на забава на Нова Година поради служење на алкохол, односно прекршување на исламските закони, објавија локалните медиуми. Според иранските закони, забави со мешање на половите и со алкохол се забранети.

dobivaj vesti na viber

Новинската агенција „Тасним“ објави дека повеќе активни и поранешни фудбалери на елитен фудбалски клуб од Техеран биле приведени на забавата во близината на престолнината, Техеран.

„Дел од фудбалерите беа во ненормална состојба поради користење на алкохол“, се вели во објавата на државната новинска агенција.

Тие додадоа дека се работело за роденденска забава и дека по кратко време сите биле пуштени освен едно лице, кое не е фудбалер, а обвинителот потврдил дека има три пријави за прекршување на законот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина