Утрински Весник
Спорт

Сабаленка: Дали нешто стана подобро што не ми беше дозволено да играм на Вимблдон?

Сабаленка: Дали нешто стана подобро што не ми беше дозволено да играм на Вимблдон?

Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка смета дека одлуката на Вимблдон да не им дозволи настап на белоруските и руските тенисери на гренд слемот била нефер и не „сменила ништо“.

dobivaj vesti na viber

Вимблдон, контроверзно реши да не им дозволи настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки поради војната во Украина, и покрај тоа што АТП и ВТА турнеите дозволија нивен настап, за што подоцна беа казнети од страна на федерациите.

„Ова е навистина страшна тема, бидејќи никој не подржува војна, апсолутно никој. Проблемот е што треба да зборуваме гласно за тоа. Но, зошто би врескале во секој момент? Дали тоа ќе помогне? Разочарана сум што спортот и политикат се мешаат – ние сме само спортисти кои сакаме да се напреваруваме. Нема никаква врска со политиката. Да можевме да направиме нешто, ќе го направевме тоа, но имаме нула контрола. Ни забранија да одиме на Вимблдон и што се смени? Апсолутно ништо. Се надевам дека ќе играм таму во 2023, само поради луѓето, да ја почувствувам атмосферата. Но, ако ни забранат пак, не ми е грижа за нивната одлука“, вели Сабаленка во интервју за весникот „Мелбурн ејџ“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина