Утрински Весник
Македонија

Жители на улица во Охрид во „кал до колена“- Ќе ја тужат општината во Стразбур

729c8fb0 4a5e 4252 8ad1 F9e4cefbbf68
300x250 (7)

Жители на улицата „АСНОМ“ преку допис до OhridPress алармираат на состојбите во овој дел на градот, со цел да побудат професионална одговорност, но пред се’ човечност кај одговорните од Општина Охрид за да ги добијат правата на цивилизирано битисување, замислете, во 21-ви век

 

 

Дописот го пренесуваме во целост:

Ss1

Сликите што ги гледате се секојдневие за станарите на улицата „АСНОМ“. Улица што, иако го носи името на АСНОМ улицата, или таканаречената „Писта“, претставува нејзина темна опачина: без било какво инфраструктурно уредување-неасфалтирана, полна со дупки, огромни бари, неосветлена, илегален паркинг за туристи и наркомани во текот на летниот период, собиралиште на незгрижени кучиња, и најново, главна артерија по која се транспортира ископаната земја и градежниот шут од градежните активности во населба „Бејбунар“. Како станари на петте згради кои гравитираат на и околу оваа улица, во неколку наврати се обративме до градоначалникот на Општината, д-р Кирил Пецаков, но од таму не добивме никаква повратна реакција. Состојбата перзистира повеќе од 10 години, или со други зборови цели десет години од вселувањето, секојдневно се соочуваме со кал, дупки, ги амортизираме нашите возила, живееме со чувство на граѓани од втор ред и целосно девалвирани основни цивилизациски права, а притоа активно допринесуваме кон истите: редовно ги измируваме нашите комунално-инфраструктурни давачки. Напоменуваме дека уште пред 8 години, при вселувањето на односните згради, инвеститорите целосно ги подмириле комуналните давачки према Општината, но истата не ги испочитувала своите должности.

Со оглед дека состојбата не се менува со години, а сите трошоци за комунално и инфраструктурно уредување на улицата се подмирени, како станари ургентно подготвуваат Тужба кон Општината во судот во Стразбур, при што во истата не само што ги бараат правата во однос на уредување на улицата, туку, бараат одштета од Општината по однос на нарушено човечко достоинство и право на цивилизирано живеење, како и одштета по однос на збрзано амортизирање на нашите моторни возила.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, заедно да продолжиме да работиме за просперитетна и модерна држава за сите

Кривична пријава за директорот на ЈП „Пазари“ од Битола, склучил договор и префрлил пари на фирма избришана од Централен регистар

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество