Утрински Весник
Македонија

Нема човечки жртви, гори покрив на приватен објект во Ѓорче Петров

Нема човечки жртви, гори покрив на приватен објект во Ѓорче Петров

Нема човечки жртви во пожарот во Ѓорче Петров, извести градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски.

dobivaj vesti na viber

Пожарот изби претпладнево, а го гасат пет екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

„Нема човечки жртви во пожарот од она што сум известен од МВР и од противпожарната бригада. Гори покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект туку за приватен“, вели градоначалникот Стојкоски.

Очевидци велат дека гори покрив на објект во кој е сместено казино.

Полицијата го пренасочува сообраќајот од главната улица „Ѓорче Петров“ по околните сообраќајници.

Можете да прочитате

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ

Пензионер од Штип физички нападнал дете